Синот на Илон Маск и Грајмс се појавува на презентација преку „Зум“

Ретко може да го видиме на должноста тато.

Но, во средата, 50-годишниот Илон Маск не можеше а да нема горда насмевка на лицето додека го држи во скут синот X AE A-Xii.

Во ретко и симпатично појавување, среќното едногодишно дете се чини дека се забавува во текот на виртуелната деловна презентација на својот татко мултимилијардер.

 

Маск беше на конференциски повик за да сподели нови информации за своето вселенско летало за повеќекратна употреба, „Старшип“, а се обрати од Националната академија на науки, инженерство и медицина.

Основачот на „Тесла“и „Спејс-икс“ и неговата партнерка, пејачката Грајмс, беа принудени да го променат името на нивниот син за да биде во согласност со законите на Калифорнија. Двојката го зачуди светот давајќи му крајно необично име, невозможно за изговор. Претходното име X Æ A-12 подоцна беше променето во X AE A-Xii.

 

Текстот Синот на Илон Маск и Грајмс се појавува на презентација преку „Зум“ е превземен од МАКФАКС.