Скопјанец баран со потерница поради тешки кражби, уапсен во Штип

Полицијата во утринските часови на 8 декември во Штип лишила од слобода 44-годишен скопјанец со иницијали Н. К.

Тој бил баран со потерница поради сомнение дека е сторител на две тешки кражби на подрачјето на скопската општина Гази Баба.

При контрола во автомобил „бмв“, со скопски регистарски ознаки, кој го управувал 44-годишникот, биле пронајдени и одземени 4.960 евра, златен накит, два мобилни телефона, а исто така му било одземено и возилото.

За настанот бил запознаен јавен обвинител, а по негови насоки и по целосно документирање на случајот, против разбојникот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Текстот Скопјанец баран со потерница поради тешки кражби, уапсен во Штип е превземен од МАКФАКС.