Скопјани, конечно, ќе добијат нов лунапарк

Советот на Град Скопје на денешната седница ја усвои одлуката со која, конечно, ќе се реализира и ќе почне со изградба забавниот парк.

Град Скопје набргу ќе почне со уредувањето на новиот лунапарк за што во првата фаза ќе бидат монтирани првите реквизити со цел паркот да биде функционален за граѓаните.

Финансиските средства за проектирање, изградба, набавка на опрема и реквизити и нивно монтирање се обезбедени од буџетот на Град Скопје за 2022 година, а следната фаза ќе биде реализирана со буџетот од 2023 и 2024 година.

Текстот Скопјани, конечно, ќе добијат нов лунапарк е превземен од МАКФАКС.