Со 19 години го прелета светот и постави нов Гинисов рекорд

Деветнаесетгодишната aвијатичарка со белгиско-британско потекло, Зара Радерфорд, постави светски рекорд како најмлада жена што сама го обиколила светот откога денеска со својот мал авион слета во западна Белгија, 155 дена по тргнувањето.

Радерфорд ќе влезе во Гинисовата книга на рекордите по поставувањето нов рекорд во категоријата што од 2017 година ѝ припаѓаше на 30-годишната американска авијатичарка Шаеста Вајз, објави агенцијата АП.

Текстот Со 19 години го прелета светот и постави нов Гинисов рекорд е превземен од МАКФАКС.