Со „голф“ превезувал 9 мигранти, полицијата го затекнала кај Демир Капија

Приведен е криумчар на мигранти кој во возило од марката „голф“  превезувал девет лица – мигранти, петмина од Сирија и четворица од Индија.

Како што соопшти МВР, криумчарот синонќа по полноќ бил приведен на магистралниот пат с.Удово- Дeмир Капија.

Станува збор за 23-годишник со иницијали Ј.Л. од селото Крушопек.

Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Текстот Со „голф“ превезувал 9 мигранти, полицијата го затекнала кај Демир Капија е превземен од МАКФАКС.