Со мене почна и заврши доминацијата на Јувентус

Антонио Конте од вчера е менаџер на Тотенхем. Италијанскиот тренер се врати во Премиер лигата која во 2017 година ја освои титулата со Челси. Ден по потпишувањето на договорот, за клупската телевизија, говорел за својата работа во Италија.

Конте, три пати ја освоил Серија А со Јувентус, а минатата сезона успехот го повтори со Интер.

„Тоа е минато. Јас живеам во сегашноста. За Јувентус играв 13 години, освоив многу трофеи. Потоа се вратив како тренер и Јувентус освои девет титули. Тој циклус јас го започнав и му ставив крај со Интер. Последните две години во Милано ја имавме најдобрата одбрана и вториот најдобра напад. Ми значат многу успесите во минатото. За мене Тотенхем е голем предизвик и сакам овој клуб да стане важен дел од мојата кариера“, рекол Конте.

Текстот Со мене почна и заврши доминацијата на Јувентус е превземен од МАКФАКС.