Сончево и студено, од вторник дожд и снег

Утрово најсниска температура е измерена во Берово од -14 степени, -12 степени се измерени во Маврови Анови, -11 во Крушево, -10 во Крива Паланка, Битола, Прилеп, -9 во Скопје-Петровец, Штип, Демир Капија и Виница, -8 степени во Тетово, Претор, Струмица и Попова Шапка, -7 во Скопје-Зајчев Рид, – 6 во Охрид, -5 Куманово, -2 во Дојран и Гевгелија.

Снежната покривка изнесува 54 сантиметри на Попова Шапка, 16 во Маврови Анови, 12 во Крушево, 10 во Ѓуриште, 8 во Пожаране, 5 сантиметри снег има во Демир Капија, 2 во Битола и Прилеп.

Утрово е сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Денеска времето ќе биде сончево, во североисточните делови преку денот со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне од 1 до 9 степени.

Во Скопје, ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.

До понеделник ќе се задржи стабилно и суво време со слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималните температури и утре насекаде ќе бидат под нулата кога на места ќе се спуштаат и под -10 степени.

Во недела и понеделник ќе има услови за појава на утринска магла по одделни котлини, а во вторник се очекуваат локални врнежи од дожд и снег.

Текстот Сончево и студено, од вторник дожд и снег е превземен од МАКФАКС.