Совршен тенис на Сакари за место во полу-финалето на Ју-ес опен

Марија Сакари, втор пат во кариерата, ќе игра гренд слем полу-финале. По Роланд Гарос, тенисерката од Грција избори пласман меѓу најдобрите четири на Ју-ес опен. Сакари во четврт-финалето ја победи Каролина Плишкова со 6/4, 6/4.

Брилијантен меч одигра Сакари против поранешната број 1. Тенисерката од Грција во текот на целиот меч не се соочи со ниту една брејк топка. Нејзиниот сервис функционираше совршено, освои 92 отсто од поените на првиот и 74 отсто од поените на вториот сервис.

Сакари, во првиот сет, направи брејк во третиот гем, а потоа освои четири гема по ред без загубен поен. Во вториот, повторно направи еден брејк, во седмиот гем, што и беше доволно за победа.

Сакари, во полу-финалето, ќе игра против британската сензација, Ема Радукану.

Текстот Совршен тенис на Сакари за место во полу-финалето на Ју-ес опен е превземен од МАКФАКС.