Спасовски: Нема боја што може да ја префарба ВМРО-ДПМНЕ

Потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски смета дека новиот концепт на опозициската ВМРО-ДПМНЕ е измама затоа што еднаш нудат нови бои и луѓе, а потоа се борат да заштитат криминалци.

Спасовски на граѓанската трибина на СДСМ „Најдоброто за нашата општина“ во Гостивар рекол дела со ниедна боја не може да се префарба и да се прикрие криминалот и корупцијата на ВМРО-ДПМНЕ во текот на нивното владеење.

„Со која боја може да се прекријат 11 милијарди евра, украдени од државата, со која фарба можете да ја скриете Белата палата и сиот раскош во неа, ВМРО-ДПМНЕ стана побогата партија дури и од партијата на Меркел, а денеска ќе кажат дека ќе се залагаат за нешто ново и ќе направат нешто во интерес на граѓаните, обвини Спасовски.

Тој смета дека граѓаните не веруваат во новите концепти на ВМРО-ДПМНЕ.

„Преку ден на прес ВМРО-ДПМНЕ ги сака сите граѓани, а вечер на протести ги напаѓа сите до еден, Македонци, Албанци, Турци, Роми Власи, Бошњаци, Египќани и секој граѓанин кој живее во нашата земја, потсети Спасовски.

Извор: Zoom. mk