Спектакуларен меч на Адетокумбо во Хјустон

Јанис Адетокумбо со спектакуларна игра ги предводеше Милвоки Бакс до триумф над Хјустон Рокетс 123:114.

Адетокумбо натпреварот го заврши со 41 поен, 17 скока, пет асистенции, три украдени топки и две блокади. Од игра погоди 15 од 19 обиди кон кошот на Хјустон, реализираше 10 од 14 слободни фрлања. НБА лигата неговата партија ја нарече монструозна.

Од моментот кога во 1980 година во НБА лигата е воведена линијата за три поени, Милвоки пет пати имале играч со најмалку 40 поени, 15 скокови и пет асистенции. Секогаш то му успеало на Јанис Адетомумбо.

Гркот со двете блокади против Хјустон, стана најдобриот блокер во историјата на франшизата.



Текстот Спектакуларен меч на Адетокумбо во Хјустон е превземен од МАКФАКС.