Според ВМРО-ДПМНЕ, Бугари форсирале предност на Заев во анкетата на „Брима“

/

Според опозициската партија, оваа агенција не е познатата „Брима галуп“, туку фирма од С Македонија, основана, како што се тврди, од бугарскиот социолог Андреј Рајчев, а која спроведува анкети по нарачка на врвот на СДСМ
ВМРО-ДПМНЕ реагира на анкетата на „Брима“, која покажа одредено водство, од околу два процентни поени, на СДСМ пред опозицијата, спроти локалните избори. Според опозициската партија, Бугари форсирале наводна победа на Зоран Заев, преку пласирањето на оваа анкета.

Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат е наместена заради, како што велат, храбрење на членството и функционерите на СДСМ.

„На јавноста и е добро познато кој стои позади оваа агенција – главниот идеолог за отворање бугарски универзитет во Македонија, Андреј Рајчев. А, зашто Бугарите форсираат дека Зоран Заев наводно ќе победи, размислете сами“,

велат од ВМРО-ДПМНЕ, во реакција по објавувањето на анкетата.
Од партијата прашуваат и дали агенцијата “Брима’ изминатава година има земено над 120 илјади евра од Владата на Зоран Заев за изготвување анкети кои, како што се наведува, ќе ја покажуваат розевата слика во Македонија?

„Агенцијата Брима ДОО од Скопје, не е светски познатата ’Брима галуп’, туку фирма од Македонија која е основана токму од бугарскиот социолог Рајчев, а која спроведува анкети во континуитет по нарачка на Зоран Заев, а преку медиуми блиски до власта. Зоран Заев, соочен со целосен раскол и одбивање на партиските организации да ги прифатат кандидатите за градоначалници на Зоран и Вице, мора да пушта анкети на кои ќе се преставува како победник“

Извор: 360stepeni.mk