Спортските канали најдоцна до 31 декември да воведат коментирање на македонски и албански јазик

Врз основа на Извештајот на Работната група за изнаоѓање начин за регулирање на јазично покривање на македонски и албански јазик на спортските канали кои се реемитуваат на територијата на државата, Владата им препорача на сите радиодифузери што реемитуваат спортски содржини, најдоцна до 31 декември да започнат да ги имплементираат одредбите од Конвенцијата на ЕУ за прекугранична телевизија и да ги емитуваат спортските медиумски сервиси на македонски и на албански јазик.

Текстот Спортските канали најдоцна до 31 декември да воведат коментирање на македонски и албански јазик е превземен од МАКФАКС.