Српски криумчар на мигранти фатен на автопатот Неготино – Демир Капија

На автопатот Неготино – Демир Капија, синоќа околу 22 часот полициски службеници лишиле од слобода 20-годишен државјанин на Србија со иницијали Ф.Р, кој нелегално превезувал 41 мигрант од Куба и Индија, од кои петмина биле малолетници.

Како што информираат од МВР, возачот управувал товарно возило „фиат дукато“ со скопски регистарски ознаки.

По целосно документирање на случајот, против Србинот ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство.

Текстот Српски криумчар на мигранти фатен на автопатот Неготино – Демир Капија е превземен од МАКФАКС.