Стејт департментот предупредува да не се патува во Германија

Стејт департментот ги предупреди Американците да не патуваат во Германија поради забрзаното ширење на коронавирусот во земјата.

„Избегнувајте патување во Германија. Доколку треба да одите таму, задолжително бидете целосно вакцинирани пред патувањето“, предупредува американскиот Центар за контрола и превенција на болестите.

Се наведува дека поради моментната ситуација во Германија, дури и целосно вакцинираните луѓе може да бидат изложени на ризик да добијат и пошироки варијанти на Ковид-19.

Германија се соочува со зголемување на бројот на заразени и медицинските експерти и канцеларката Ангела Меркел предупредија дека болниците веќе се борат во некои региони.

Текстот Стејт департментот предупредува да не се патува во Германија е превземен од МАКФАКС.