Стоичков за Чави: Барселона сака да потроши уште една легенда

Легендарниот Христо Стоичков, ги коментирал најавите, дека Чави ќе биде новиот тренер на Барселона. Пред неколку дена се чинеше дека ангажманот на Чави е завршена работа, меѓутоа официјален договор се уште нема, а на клубот му се брза да го затвори ова прашање.

„Пред само четири месеци Лапорта рече дека чави е „зелен“ како тренер и дека нема искуство за да ја преземе Барселона. Откако замина Куман слушам дека токму Чави е идеално решение…идеално за што? Да потрошите уште една клупска легенда, со тоа што пред време ќе ја поставите на важна позиција. Не сакам Чави да пати, поради тоа мислам дека на Барселона во овој момент и се неопходни искусни луѓе“, рекол Стоичков и продолжил.

„Многумина случајот на Чави го споредуваат со оној на Гвардиола. Тоа не може да се споредува. Кога Пеп започна да работи, секојдневно имаше помош од Јохан Кројф, Чики Бегеристајн и Алексанко. По цел ден беа со него, тој учеше од нив. Во оваа ситуација кој ќе му помогне на Чави? Кој може да му даде позитивен совет, да не речам стручен? На Чави му посакувам се најдобро, му посакувам многу успеси, тој и припаѓа на „нашата куќа“, но морам да бидам реален“.

Текстот Стоичков за Чави: Барселона сака да потроши уште една легенда е превземен од МАКФАКС.