Струјата мора да поскапи, вели српската министерка Михајловиќ

Српската министерка за рударство и енергетика, Зорана Михајловиќ, денеска изјави дека цената на струјата во Србија мора да се зголеми, но сè уште не се знае кога ќе се случи тоа и колку ќе биде поскапувањето.

Во пресрет на меѓународната конференција „Енергијата и Балканот: Транзиција кон обновливи извори и подобрување на енергетските врски“, таа за „Танјуг“ изјави дека мислењето на министерството што го предводи е дека поскапувањето треба да следи што е можно поскоро.

Кога станува збор за процентуалното зголемување, српската министерката наведува дека тоа не го одредува Министерството за рударство и енергетика, туку Агенцијата за енергетика, но покачувањето, како што кажа, секако мора да биде одржливо.

Текстот Струјата мора да поскапи, вели српската министерка Михајловиќ е превземен од МАКФАКС.