Струмичанец тешко повреден во собраќајна несреќа

Утрово на 10.12.2021 во 02.10 часот во СВР Струмица било пријавено дека на крстосница од бул.„Ленинова“ и бул.„Маршал Тито“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Ѓ.(23) од с.Мокрино, струмичко и патничко возило „ауди А5“, со радовишки регистарски ознаки, управувано од Т.С.(34) од с.Раборци, струмичко.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Т.П.(21) од Струмица, сопатник во возилото „ауди“, констатирани во Медицинскиот центар Струмица.

Увид на местото извршила екипа на СВР Струмица.

Текстот Струмичанец тешко повреден во собраќајна несреќа е превземен од МАКФАКС.