Судијата кој го исклучи Јокиќ: Морис го предизвика инцидентот

Никола Јокиќ, несвојствено за него, предизвика инцидент на дуелот Денвер Нагетс-Мајами Хит. Минато сезонскиот МВП, наседна на провокацијата од Маркиф Морис и возврати со иста мерка.

Играчот на Мајами Хит, заврши на паркетот, на теренот настана мешаница, која сепак заврши без инциденти. Јокиќ беше исклучен, Морис поради втората неспортска, исто така пред време го заврши натпреварот, а техничка грешка доби Џими Батлер, кој го повика Јокиќ да се пресметаат надвор од арената.

Судијата кој го исклучи Јокиќ, Кевин Скот, има интересно видување на инцидентот. Според неговите зборови, Јокиќ и не е толку виновен за она што се случи на теренот.

„По прегледувањето на снимката, досудена му е втората намерна на Морис. Контактот на Морис е протолкуван како претеран и непотребен по следните критериуми. Прво, сериозноста на контактот. Второ, дали играчот легитимно играше кошарка или не. Трето, можноста да го повреди противникот. Четврто, тој потег предизвика инцидент“, рекол Скот.

Откако новинар констатирал дека никогаш не добил вакво толкување и прашал дали доколку првиот удар предизвика осветничко однесување, дали тоа се толкува во првиот фаул, Скот одговорил.

„Правилата за флагрантен фаул го содржат делот дека таков контакт може да предизвика инцидент“.



Текстот Судијата кој го исклучи Јокиќ: Морис го предизвика инцидентот е превземен од МАКФАКС.