Судијата Тејлор за колапсот на Ериксен: Веднаш знаев дека нешто не е во ред

Англискиот судија, Ентони Тејлор ги откри деталите за страшниот инцидент на Европското првенство, кога Кристијан Ериксен доживеа срцев напад на првиот меч на Данска на шампионатот.

42-годишниот Тејлор беше пофален за брзата реакција со која се спаси животот на Ериксен на мечот помеѓу Данска и Финска во Копенхаген, кога фудбалерот на Интер доби помош прво од капитенот Симон Кјер, а потоа и од медицинскиот тим.

„Такви моменти те прават да го цениш животот. Бев на 10 метри од него, и го гледав, немаше никој околу него. Веднаш забележав дека нешто сериозно не е во ред. И претходно сум видел луѓе како добиваат срцев напад, кога бев судија на Барнли-Њукасл и еден наш колега Еди Волстенхолм, имаше срцев напад во соблекувалната. Кога ги пративме фудбалерите во соблекувалната, човекот од обезбедувањето ме праша дали да ја пушти сопругата на Ериксен, и веднаш одобрив. Одлуката да се продолжи мечот не ја направив јас, туку тоа се договорија фудбалерите и федерациите. Мислам дека Кристијан им кажа да продолжат. Ова беше најтешкиот момент во мојата кариера и покажа колку е важно да се справуваш со луѓето и со емоциите. Критичарите сметаат дека судиите немаат срце и тука се да го уништат нивното попладне, но не е така“, вели Тејлор.

Текстот Судијата Тејлор за колапсот на Ериксен: Веднаш знаев дека нешто не е во ред е превземен од МАКФАКС.