Суперјахтата на британски милијардер вреди 120 милиони долари

Импресивна суперјахта Vanish, долга 70 метри, летово беше закотвена на излезот од марината во Слано, Хрватска.

Станува збор за нова убавица вредна дури 120 милиони долари, а од „додатна опрема“ има мал хеликоптер со кој удобно може да се транспортираат гостите за да се одржи максимална дискреција и удобност.

Медиумите откриваат дека јахтата „Вениш“ е изградена во Холандија во 2021 година за потребите на британскиот мултимилијардер Лери Вен Тул, кој во 2015 година го продаде својот автомобилски бизнис за девет милијарди долари и задржа само одредени ексклузивни застапници/ дилери, како „Хонда“ за Обединетото Кралство.

Јахтата може да прими 12 гости и 20 членови екипаж.

Нејзините карактеристики вклучуваат атриум висок три палуби, кој се издига од главната палуба до платформата за сончање, и бич-клуб со постојан поглед кон водата.

Лери Вен Тул е еден од најбогатите луѓе во Велика Британија.Неговото богатство беше проценето на 3,5 милијарди долари пред големата продажба, така што цената на Vanish е „вистинска ситница“. Претходната, десет метри долга јахта „Хемпшир“, направена во 2016 година, очигледно беше премала за него, па ја продаде на британскиот милијардер Ендрју Кари.

Текстот Суперјахтата на британски милијардер вреди 120 милиони долари е превземен од МАКФАКС.