Талибанците вооружени се возат на шарени педалинки

Нови бизарни снимки пристигнуваат од Авганистан.

Откако беа објавени видеа од талибанците како уживаат во забавен парк и се обидуваат да користат опрема за вежбалница, сега вооружани се возат на шарени педалинки на езеро во провинцијата Бамијан.

Taliban in Bamyan Province…

(These photos are real) pic.twitter.com/oWHJXDpVfZ

— Jake Hanrahan (@Jake_Hanrahan) September 18, 2021

Повеќе од дваесет талибански борци, со рачни ракетни фрлачи и пушки, беа видени во саботата како се возат во шарени педалинки во форма на лебед во националниот парк Банд-Амир.

Фотографиите ги сподели новинарот Џејк Ханрахан преку „Твитер“.

Темно сините езера во срцето на земјата се сметаа за релативно безбедно засолниште пред да дојдат Талибанците на власт.

Текстот Талибанците вооружени се возат на шарени педалинки е превземен од МАКФАКС.