Тасевска: Владата наследи девастиран здравствен систем и мораше да го враќа дигнитетот на лекарите

Пратеничката на СДСМ Лидија Тасевска во рамките на собраниската седница посветена на изборот на новата Влада, во реплика на пратеничката Дафина Стојановска истакна дека нејзиниот говор е полн со деструкција, говор на пратеничка од опозицијата која жестоко се бори да дојде на власт, а не ги препознаваат, ниту ги интересираат државните интереси, а уште помалку потребите на граѓаните.

„Очекував, дека доаѓате од здравството, како лекар ќе кажете дека во периодот што изминува многукратно ги зголемивме платите на лекарите, да ве потсетам платите на лекарите специјалисти ги зголемивме за 40 проценти, за 23 проценти на медицински сестри, за 25 проценти на општите лекари, за 15 проценти на сите останати здравствени работници, четирикратно се зголемени плаќањата за дежурства во здравството, истакна Тасевска.

Таа нагласи дека во 2017 година Владата предводена од СДСМ наследи девастиран здравствен систем, и мораше одново да го враќа дигнитетот на лекарите и општо на сите здравствени работници.

Текстот Тасевска: Владата наследи девастиран здравствен систем и мораше да го враќа дигнитетот на лекарите е превземен од МАКФАКС.