Татко и син под истрага за откриена импровизирана работилница за оружје во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против татко и син за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.

При претрес во домот на двајцата осомничени, на улицата ‘Методија Митревски’ во Скопје, вчера биле пронајдени поголемо количество оружје, разна муниција и делови за оружје во импровизирана работилница. Претрес бил извршен и во викенд-куќа на семејството во селото Раштак, каде што било пронајдено дополнително количество оружје и муниција“, соопшти Обвинителството.

На осомничените на возраст од 73 и 46 години определен им е притвор поради можност за бегство.

Текстот Татко и син под истрага за откриена импровизирана работилница за оружје во Скопје е превземен од МАКФАКС.