Тебас: ПСЖ е поголем проблем од Суперлигата!

Француската професионална лига (ЛФП) ги нападна коментарите на претседателот на Ла лига, Хавиер Тебас, кој ја опиша Лига 1 како „лига на ветерани“ и посочи дека Пари Сен-Жермен е исто толку голем проблем за иднината на фудбалот како контроверзната Суперлига.

Ова доаѓа откако легендите на Реал Мадрид, Серхио Рамос и на Барселона, Лионел Меси заминаа во ПСЖ со слободни трансфери.

„ПСЖ изгледа како Лига на легендите ако се погледне возраста на играчите. Ла лига има млади ѕвезди како Винисиус Жуниор. Проблемот со ПСЖ мора да се реши. Тоа што ПСЖ го прават се исто толку опасно како Суперлигата. Ла лига ќе продолжи и покрај заминувањето на Меси, но сите мораме да се бориме против клубовите-држави, кои се наши непријатели“, изјави Тебас.

ЛФП одговори со соопштение.

„Коментарите од претседателот на шпанската фудбалска лига не се вредни за институцијата која ја претставува. ПФЛ бара да се возддржи од такви изјави, не сакаме да бидеме оправдување за внатрешните проблеми на шпанскиот фудбал. Финансиското трошење кое го правеа шпанските клубови во минатото се корен на проблемите и тоа не е одговорност ниту на ЛФП, ниту на Пари Сен-Жермен. Не ни требаат лекции од Шпанија“, велат од ЛФП.

Текстот Тебас: ПСЖ е поголем проблем од Суперлигата! е превземен од МАКФАКС.