Тепачка меѓу повеќе лица пред и во угостителски објект во скопска Кисела Вода

Повеќе лица учествувале во тепачка пред и во угостителски објект во скопската општина Кисела Вода.

Имено вчера во СВР Скопје било пријавено дека на 04.12.2021 околу 00.50 часот пред и во угостителски објект на подрачје на Кисела Вода по претходна расправија М.Н.(19), Д.А.(19), А.К.(19), П.З.(21) и Ф.В.(19) сите од Скопје од една страна и С.Ј.(25), Б.Т.(20), Д.Н.(18), М.Н.(19) и Д.Т.(26) сите од с.Ракотинци, скопско од друга страна го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка.

Сочинети се записници за констатиран прекршок, соопшти полицијата.

Текстот Тепачка меѓу повеќе лица пред и во угостителски објект во скопска Кисела Вода е превземен од МАКФАКС.