Teшко повредена жена од Скопје откако со автомобил удрила во ограда од куќа

34-годишна жена од скопско Визбегово се здобила со тешки телесни повреди откако со автомобилот удрила во ограда од куќа.

Според полицијата утрово во 01.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Лука Геров“ и ул.„Тиранска“, патничко моторно возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(34) од с.Визбегово-скопско, удрило во ограда од куќа.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Д., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Текстот Teшко повредена жена од Скопје откако со автомобил удрила во ограда од куќа е превземен од МАКФАКС.