Токаев назначи познат русофоб за министер за информации и социјален развој

Необично и многу остро реагираа московските медиуми на назначувањето нов министер за информации и социјален развој на Казахстан.

Руската јавност е шокирана што претседателот Токаев го назначи Аскар Умаров, човек што досега се истакнуваше со русофобични текстови што ги објавуваше на разни интернет-страници во земјата, како и преку „Турк медија“.

Умаров во Москва важи за турски пропагандист и русофоб, кој на социјалните мрежи ја покажува својата нетрпеливост кон Русите.

Евгениј Примаков, кој ја предводи организацијата „Росотрудничество“, која се грижи за неговата дијаспора, изјави дека Умаров неколкупати ги навредувал Русите. Затоа, Евгениј Примаков рече дека „Росотрудничество“ не соработува со русофобите и немаме намера да соработуваме со Умаров.

Скандалозниот министер ги повикува руските новинари да не го демонизираат и тврди дека има добри односи со Русите.

„На сите позиции што ги имав успешно соработував со Русите и со другите партнери. Знам колку е важно партнерството на Казахстан со Русија. Се залагам за толеранцијата и пријателството на народот, единството на народот на Казахстан и братските односи со соседите“, напиша Умаров.

Текстот Токаев назначи познат русофоб за министер за информации и социјален развој е превземен од МАКФАКС.