Тотенхем-Челси меч со „нула емисии“, на трибините само веганска храна

Англиските фудбалски фанови не се воодушевени од планот мечот Тотенхем-Челси на 19 септември да биде „карбонски неутрален“, односно да се намали влијанието на климатските промени со тоа што на навивачите им се советува да пристигнат на мечот со јавен превоз, а на мечот ќе се служи само веганска храна.

Тотенхем и Челси работат заедно со британската ТВ-мрежа „Скај спортс“ на изведувањето на мечот, и според планот, фудбалерите ќе пристигнат на стадионите со автобуси на био-гориво, чашите за освежувањата на стадионот ќе бидат направени од картон, на на стадионот ќе се нуди широк избор на растителна веганска храна. Тотенхем оваа година беа именувани како „најзелениот“ премиерлигашки клуб.

Фановите на социјалните мрежи првично се лути за наметнатата веганска храна, додека некои посочуваат дека фудбалерите потоа од мечот ќе си одат дома со своите Ламборгинија, Бентлија и Ренџ Ровери.

Текстот Тотенхем-Челси меч со „нула емисии“, на трибините само веганска храна е превземен од МАКФАКС.