Трагедијата во Бугарија ги одложи состаноците на Централниот и Извршниот одбор на СДСМ

Централниот и Извршниот одбор на СДСМ вечерва нема да заседаваат, поради трагедијата што се случи во Бугарија, информираат од владејачката партија.

Седниците беа закажани по барање на Заев, кој најави дека ќе побара констатирање на неговата оставка, најавена уште на 31 октомври, по вториот круг од локалните избори, каде изгубија голем број гласови.

Со констатирањето на оставката, почнува рокот од 15 дена за распишување внатрепартиски избори за нов претседател.

Текстот Трагедијата во Бугарија ги одложи состаноците на Централниот и Извршниот одбор на СДСМ е превземен од МАКФАКС.