Трамп се враќа на Твитер

Новиот сопственик на Твитер, милијардерот Илон Маск, денеска објави дека ќе го одблокира профилот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Маск изјави дека суспендирањето на Трамп е погрешно, пренесува „Вашингтон пост“.

„Мислам дека не беше во ред да се забрани Доналд Трамп. Мислам дека тоа беше морално лоша одлука и да бидам целосно јасен, крајно глупава“, рече тој на настанот наречен „Иднината на автомобилите“ организиран од „Фајненшл тајмс“.

Тој додаде дека не е во ред да се блокира Доналд Трамп бидејќи тоа „отуѓило голем дел од земјата и на крајот не довело до тоа Трамп да нема глас“.

Трамп претходно изјави дека нема намера да се врати на Твитер дури и ако неговиот профил биде одблокиран. На Трамп му беше забранет пристапот на Твитер откако неговите поддржувачи упаднаа во Капитол. Тој самиот ја нарече оваа социјална мрежа срам за демократијата.

Текстот Трамп се враќа на Твитер е превземен од МАКФАКС.