Тренерот Жељко Бабиќ го напушта Еурофарм Пелистер по завршувањето на сезоната

Тренерот на ракометниот клуб Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ, ќе ја напушти Битола по завршувањето на сезоната и ќе се врати во родната Хрватска каде ќе преземе женската екипа на ЖРК Подравка Вегета. Оваа разделба веројатно е и логична откако битолскиот ракометен суперлигаш не успеа во битката за титулата против Вардар.

Еурофарм Пелистер претстојниот викенд ќе се обиде да стигне до трифеј во Купот на Македонија, но примарната цел – освојување на титулата во првенството и настап во ракометната Лига на Шампиони, сепак, останаа само сон.

Покрај промената на тренерската позиција, во Еурофарм Пелистер сигурно ќе има значителни промени и во играчкиот кадар за следната сезона.

Текстот Тренерот Жељко Бабиќ го напушта Еурофарм Пелистер по завршувањето на сезоната е превземен од МАКФАКС.