Третпат подобри од ривалите, третпат само со реми – сонот за СП на Македонија станува далечен

Македонија и третиот квалификациски меч во низа го заврши со нерешен резултат, и исто како со Ерменија во Скопје, и покрај добрата игра, ни недостасува завршница за да стигнуваме до три поени, откако Романија може да е задоволна што си оди дома со 0:0.

Селекцијата на Благоја Милевски беше идентична како од мечот со Исланд, каде што пропуштивме 0:2 водство, и повторно првото полувреме беше во знакот на „рисовите“ – постојан притисок и со над 60 отсто посед на топката, но без конкретни закани во нападот. Најдобрата шанса, иронично, ја имаа Романците преку Сореску, кога Димитриевски одлично реагираше за да спаси сигурен гол. Во 34. минута по убавиот обид на Чурлинов, Елмас имаше одлична шанса, но голманот Ница одлично реагираше.

Во 51. минута, повторно Ница ги спаси Романците по одличната шанса на Елиф Елмас, а само седум минути подоцна и Енис Барди го тестираше голманот. Во 68. минута, Милевски се реши на замена, откако Јаховиќ и Ристевски влегоа на местото на Велковски и Ристовски. Во 73. минута, Романците беа во добра шанса преку Станчиу, но судијата правилно досуди офсајд, а потоа во 79. минута, селекторот се реши уште повеќе да го засили нападот со Трајковски и Николов на местото на Чурлинов и Спировски.

Германија, пак, ги комплетираше септемвриските квалификаци со трета победа едноподруго под водство на новиот селектор Ханси Флик, победувајќи со 0:4 на гости кај Исланд. Серж Гнабри во 4. и Антонио Ридигер во 24. минута ја најавија победата, пред Лирој Сане во 56. минута да ги постави конечните 0:3.

Графика: Sofascore за Топспорт.мк

КАТАР 2022, КВАЛИФИКАЦИИ

ГРУПА Ј

Македонија – Романија 0:0

Исланд – Германија 0:4

Фото: ФФМ

(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-90252-35021”));

Standings provided by SofaScore LiveScore



Текстот Третпат подобри од ривалите, третпат само со реми – сонот за СП на Македонија станува далечен е превземен од МАКФАКС.