Три безживотни тела пронајдени во Белград

Три безживотни тела се пронајдени денеска на различни локации во Белград.

Според „Телеграф“, првото тело било забележано нешто пред 12 часот на железничката станица во Ресник, веднаш до железничката пруга, и било во фаза на распаѓање. Како што дознава „Телеграф“, се работи за постара личност, а телото е испратено на Институтот за судска медицина.

Еден час подоцна, друго тело, во иста состојба, било пронајдено во стан во Палилула.

Третото тело е пронајдено во стан во Борча, а се работи за маж на 35 години.

Текстот Три безживотни тела пронајдени во Белград е превземен од МАКФАКС.