Три лица со тврд предмет нападнале таксист во Скопје

Таксист на подрачјето на Центар во Скопје, бил нападнат со тврд предмет од три лица додека извршувал работни задачи, информира МВР.

Според полицијата во 03.30 часот во СВР Скопје А.П.(32) од Скопје пријавил дека околу 00.30 часот додека извршувал работни задачи како такси возач на подрачје на Центар по претходна расправија бил физички напднат од три лица кои употребиле тврд предмет.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Текстот Три лица со тврд предмет нападнале таксист во Скопје е превземен од МАКФАКС.