Уапсени двајца лихвари од Штип, барале огромни камати од корисници на социјална помош

Отсекот за економски криминал при СВР Штип, вчера, (2 декември), ги лишил од слобода Е. Ј. (39) и С. Ј. (45), двајцата од Штип, поради сомнение за сторено кривично дело лихварство.

Тие се сомничат дека давале пари на заем со писмени и усни договори и притоа за себе договарале несразмерно високи камати.

Кај нив биле пронајдени и одземени предмети што потекнуваат од кривичното дело: пари, банкарски картички, лични документи на оштетени граѓани и две тетратки, во кои биле евидентирани заеми дадени по енормно високи камати на лица од социјално загрозени семејства, корисници на социјална помош и други социјални додатоци.

Се работи на целосно документирање на случајот по што против Е. Ј. и С. Ј. ќе бидaт поднесени соодветни пријави.

Текстот Уапсени двајца лихвари од Штип, барале огромни камати од корисници на социјална помош е превземен од МАКФАКС.