Убиениот претседател на Хаити составил список на наркодилери пред да биде ликвидиран

Убиениот претседател на Хаити, Жовенел Моиз (1968-2021), составил список на функционери и бизнисмени поврзани со трговија на дрога пред да биде ликвидиран во јули.

Тоа денеска го објави „Њујорк тајмс“, додавајќи дека претседателот планирал да ѝ го предаде списокот на американската влада.

Моиз беше убиен од група вооружени мажи во неговиот дом, меѓу кои и поранешни колумбиски војници.

Властите на Хаити уапсија 45 лица по убиството, но досега не е покренато обвинение, потсетува „Ројтерс“.

Некои од уапсените признале дека преземањето на списокот со имиња на осомничени наркодилери бил главен приоритет, додава „Тајмс“, цитирајќи тројца високи функционери од Хаити кои се во тек со истрагата.

„Документот е дел од пошироката серија конфронтации што господинот Моиз ги имаше со моќни политички и бизнис играчи, од кои некои се осомничени за трговија со дрога и оружје“, додава „Тајмс“.

Текстот Убиениот претседател на Хаити составил список на наркодилери пред да биде ликвидиран е превземен од МАКФАКС.