УЕФА ќе го смени финансискиот ферплеј со нов систем

Европската куќа на фудбалот УЕФА ќе се откаже од правилата за финансискиот ферплеј (ФФП), и наместо тоа клубовите ќе можат да трошат само 70 отсто од тоа што успеале да заработат, тврди „Њујорк тајмс“.

Со промената на правилата, нема да се воведува „селери кап“, односно ограничување на платите кои се даваат на фудбалерите, но секое прекршување на правилата ќе носи губење на поени во европските натпреварувања, со можно исфрлање од Лигата на шампионите. Според „Њујорк тајмс“, ова е резултат на преговорите на УЕФА со богатите фудбалски клубови кои траат повеќе од една година.

Новите правила би стапиле на сила доколку бидат усвоени од Извршниот одбор на УЕФА на 7 април.

Текстот УЕФА ќе го смени финансискиот ферплеј со нов систем е превземен од МАКФАКС.