Укината забраната за сообраќај на камиони на повеќе патни правци

Од АМСМ информираат дека на повеќе патни правци е укината забраната за движење на камиони која беше воведена поради обилни врнежи од снег на тие места.

Според АМСМ од 12:25 часот, укината е забраната за сообраќај на тешки моторни возила на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот премин Ѓавато.

Во 14:10 укината е забраната за камиони на патниот правец Струга – Ќафасан. Сообраќајот е нормализиран.

Во 15.25ч е укината забраната за движење на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар-Кичево на планинскиот премин Стража.

Во 15.35ч е укината забраната за движење на тешки товарни возила на патниот правец Кичево-Охрид на планинскиот премин Пресека.

Од АМСМ известуваат дека регионалниот пат Дебар – Маврово и обратно е пуштен за сообраќај.

Текстот Укината забраната за сообраќај на камиони на повеќе патни правци е превземен од МАКФАКС.