Украина затвори дел од клучниот гасовод кон Европа, Русија веднаш реагира

Украинскиот систем за пренос на гас GTSOU објави дека поради виша сила ќе го прекине преносот на руски гас преку влезната точка Сохранивка, една од двете клучни точки за снабдување на Европа со руски гас.

И покрај руската инвазија која започна на 24. февруари, Украина останува важна транзитна рута за пренос на руски гас во Европа.

GTSOU објави дека не може да продолжи со работа на компресорската станица Новопсков поради мешање на окупаторските сили во техничките процеси. Според податоците на украинската компанија, протокот низ тој гасовод паднал на нула, а оваа информација ја потврди и „Блумберг“.

Russian gas stopped flowing through a key entry point in Ukraine, causing European natural gas prices to rise, as the war affects physical supplies to Europe for the first time

The latest news on Russia’s invasion of Ukraine: https://t.co/m890Wc6VM4 pic.twitter.com/Noaa3ihamT

— Bloomberg (@business) May 11, 2022

Компресорската станица Новопсков во областа Луганск во источна Украина падна во рацете на Русија веднаш по почетокот на инвазијата. Тоа е првата компресорска станица во Луганск, транзитна рута за околу 32,6 милиони кубни метри гас дневно, една третина од рускиот гас што се транспортира во Европа преку Украина.

„Со цел целосно исполнување на транзитните обврски кон европските партнери и во согласност со договорот, можно е привремено да се префрли недостапниот капацитет од физичката интерконективна точка Сохранивка до физичката интерконекциска точка Суџа, која се наоѓа на територија контролирана од Украина“, соопшти GTSOU.

Руски „Газпром“ реагираше веднаш, велејќи дека Украинците ги информирале за исклучувањето, додавајќи дека е технички невозможно да се префрли целиот проток на гас на друга транзитна точка.

Текстот Украина затвори дел од клучниот гасовод кон Европа, Русија веднаш реагира е превземен од МАКФАКС.