Украинците ја уништија руската морска пешадија која се подготвуваше да ја нападне Одеса

Украинската војска го уништи во близина на Николаев и Мариупол персоналот на единиците на морската пешадија на Руската Федерација кои се подготвуваа да упаднат во Одеса. Ова на Фејсбук го објави портпаролот на оперативниот штаб на регионалната воена управа на Одеса Сергеј Братчук, пишува Актуално.ком.

Оваа информација сѐ уште не е потврдена од независен извор.

Претходно, на 10 март, Брачук објави дека дел од руските трупи кои требаше да ја преземат Одеса се преместиле во окупираниот Крим.

Медиумите јавија и за бунт на еден од бродовите на Руската Федерација, поради што десетици Руси одбија да учествуваат во десантот на брегот на Одеса, пренесе украинската новинска агенција УНИАН.

Извор: Актуално.ком