Украинците утнаа пенал во последната минута, Русија во финалето на ЕП во футсал

Русија со 3:2 ја совлада Украина во необичен дуел во полуфиналето на Европското првенство во футсал за да се пласира во финалето каде што ги чека пресметка со подобриот од дуелот Португалија-Шпанија.

Русите до своето седмо финале стигнаа во драматичен меч, во кој Украинците утнаа пенал во последната минута од мечот во ситуација во која односите на двете земји се на најниското можно ниво. За разлика од фудбалските квалификации, каде што УЕФА има одлучено дека Русија и Украина не можат да се сретнат (слично како што се невозможни мечеви Косово-Србија и Азербејџан-Ерменија), дуелот во Амстердам помина само со силно навивање.

Головите за Русија ги постигнаа Соколов, Афанасјев и Нијазов (фантастичен гол со ножички), додека за Украина стрелци беа Сирји и Абакшин.

Asıl savaş futsalda. Efsane maç sonu oluyor ⚽️ #futsal #Russia 🇷🇺 #Ukraine 🇺🇦 pic.twitter.com/QxI1HzVWM2

— LANCELOT Fifthson of Lord Eldred of Northumbria (@LancelotSir7) February 4, 2022

#Euro 🔥🔥🔥 Gran recurso técnico de Niyazov, que con esta pirueta marcó el 3-1 parcial de Rusia ante Ucrania, en la semi de la Eurocopa.
📽 @UEFAFutsal pic.twitter.com/NMfT8kqEiV

— Pasión Futsal (@pasionfutsal) February 4, 2022

Текстот Украинците утнаа пенал во последната минута, Русија во финалето на ЕП во футсал е превземен од МАКФАКС.