Утре променливо облачно и посвежо време со локален дожд

Утре ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд претежно во крајните западни и крајните источни делови. Ќе дува слаб ветер претежно од југоисточен правец, информиеа УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени.

Во Скопје, променливо облачно со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 24 степени.

Во следните денови ќе има повеќе сончеви периоди и дневните температури ќе бидат значително повисоки. Услови за локален дожд ќе има во недела.

Текстот Утре променливо облачно и посвежо време со локален дожд е превземен од МАКФАКС.