В четврток закажана седницата за гласање доверба на Владата

Седницата за гласање на доверба на Владата е закажана за в четврток. Собранието соопшти дека попладнево било доставено барањето за гласање доверба на Владата.

„ Претседателот на Собранието, Талат Џафери, согласно член 215 став 2 од Деловникот на Собранието ќе ја свика седницата за поставеното барање за гласање за доверба на Влада, а истата ќе се одржи на третиот ден од денот на поставување на прашањето за доверба на Владата, односно во четврток (11.11.2021), во 11.00 часот, Според член 215 став 3 од Деловникот на Собранието, рокот за свикување на седница почнува да тече наредниот ден од денот на поставувањето на прашањето за доверба на Владата“ се наведува во соопштението.

Текстот В четврток закажана седницата за гласање доверба на Владата е превземен од МАКФАКС.