ВАР-фарса во Италија – 5 минути и 20 секунди за утврдување офсајд, Рома на крајот со победа

Рома со 1:0 го совлада Торино во меч од 14. коло од италијанската Серија А, во меч во кој единствениот гол го постигна „џокерот“ на Жозе Мурињо, Теми Абрахам, но и во меч во кој беше поставен рекорд за должината на една ВАР проверка – неверојатни 5 минути и 20 секунди за проверка на офсајд токму на Абрахам при досудениот пенал.

Абрахам продолжи со одличната игра за „волчицата“ кога стрелаше во 32. минута по добрата игра на Хенрик Мхитарјан, но во 40. минута почна драмата.

Алесандро Буонџорно несомнео го собори Стефан Ел Шарави во шестнаесетникот на „Олимпико“, и беше досуден пенал, но кога Абрахам застана на белата точка, остана таму повеќе од 5 минути. ВАР го проверуваше потенцијалниот офсајд пред акцијата, за по долга пауза да утврди дека петицата на Абрахам била во офсајд. Додека чекаше, Абрахам ја жонглираше топката како загревање, додека Мурињо беше исфрустриран на аут-линијата.

На крајот, Рома победи и остана на петтото место во Серија А, додека Торино остануваат на 13. место.

(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-33-37475”));

Standings provided by SofaScore LiveScore

Текстот ВАР-фарса во Италија – 5 минути и 20 секунди за утврдување офсајд, Рома на крајот со победа е превземен од МАКФАКС.