Веќе не се недопирливи – Меси и Роналдо сега се само „обични“ фудбалери

Светскиот фудбал во последните речиси две децении беше во знакот на „недопирливите“ Лионел Меси и Кристијано Роналдо, ѕвезди какви што ретко беа видени во светот на фудбалот, но работите се менуваат.

Во интересен напис на шпанска „Марка“, се посочува дека кон двајцата, конечно, тренерите се однесуваат како кон „обични“ фудбалери, откако двајцата беа заменети во ситуација кога нивните тимови беа очајни по гол.

Прво беше ред на Кристијано Роналдо во Лигата на шампионите, неговата голема сцена – кога Манчестер јунајтед беше израмнет со 1:1 со Јанг бојс, и Оле Гунар Солскјер реши да го изнесе од игра и да го внесе Џеси Лингард. Тој не беше задоволен со оваа одлука, и фрустрациите се зголемија кога Лингард направи грешка и им го подари победничкиот гол на Јанг бојс.

Потоа, дојде редот на Меси во неделата. Пари Сен-Жермен мораа да се вратат од гол-негатива против Лион со пеналот на Меси, но кога дојде време за одлука, Маурисио Почетино реши да го повлече поранешниот фудбалер на Барселона, но ова се покажа како вистинска одлука, откако Мауро Икарди постигна гол за победа во судиското продолжение. Ова беше поконтроверзна одлука, бидејќи Меси беше очигледно лут, одбивајќи да се ракува со Почетино пред излегувањето од игра.

Меси има 34 години, а Кристијано 36, а исто така сега се во тимови каде што очигледно тие го немаат последниот збор.

Текстот Веќе не се недопирливи – Меси и Роналдо сега се само „обични“ фудбалери е превземен од МАКФАКС.