Велика Британија прва го одобри лекот „молнупиравир“ за лекување на коронавирус

Велика Британија го одобри лекот „молнупиравир“ за лекување на коронавирус со што стана прва земја која даде зелено светло за домашна употреба на лекот.

Пилулата е лиценцирана за возрасни над 18 години и треба да се зема два пати на ден во период од пет дена од страна на лица со благи до умерени симптоми на Ковид-19.

Антивирусната пилула која ги намалува симптомите и го забрзува закрепнувањето може да се покаже револуционерна затоа што може да го намали бројот на хоспитализирани пациенти со Ковид-19.

Американската управа за храна и лекови минатиот месец објави дека ќе свика панел од независни експерти за да ја испита безбедноста и ефикасноста на лекот кон крајот на ноември.

Текстот Велика Британија прва го одобри лекот „молнупиравир“ за лекување на коронавирус е превземен од МАКФАКС.