Верона ја плати сметката на Вилјареал – Аталанта триумфално во „градот на љубовта“

Избраниците на Џан Пјеро Гасперини, фудбалерите на Аталанта од Бергамо попладнево триумфираа на тешкото гостување кај Верона во рамки на 17. коло од Серија А.

Иако во четвртокот „црно-сините“ доживеаја пораз од Вилјарела на свој терен во последното коло од ЛШ, сепак денеска ги собраа бодовите кај незгодниот ривал, по 90 минути на семафорот стоеше 1-2.

Симеоне во 22 минута ги донесе домашните во водство од 1-0, а Миранчик израмни на 1-1 во 37 минута.

Голот вреден три поени беше дело на Копмајнерс во 62 минута.

Аталанта со денешниот триумф собра 37 поени, доволни во моментов за трета позиција.

Верона, пак, останува 11-та, со 23 бода.

Текстот Верона ја плати сметката на Вилјареал – Аталанта триумфално во „градот на љубовта“ е превземен од МАКФАКС.