(Видео) 207 санкционирани возачи во Скопје, 41 без возачка

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (12.12.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 207 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 40 санкции, 41 мерка за возење без возачка дозвола, 14 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се 10 мерки за непрописно престигнување и обиколување, девет за некористење сигурносен појас, пет за возач почетник.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.

Текстот (Видео) 207 санкционирани возачи во Скопје, 41 без возачка е превземен од МАКФАКС.