(Видео) Актерот Жерар Депардје гласаше на руските избори во амбасадата во Париз

Француската филмска ѕвезда Жерар Депардје, кој има и руски пасош, гласаше на руските парламентарни избори во амбасадата на Русија во Париз.

„Гласав затоа што тоа е моја должност. Се восхитувам на Русија, се восхитувам на рускиот претседател Владимир Путин“, рече актерот пред новинарите, а пренесе агенцијата ТАСС.

In other news, Russian national Gérard Depardieu has arrived at the embassy in Paris to cast his vote in the State Duma election pic.twitter.com/jCsROse75p

— Francis Scarr (@francska1) September 19, 2021

Депардје изјави дека ретко гласал во Франција, но дека гласа за Русија.

„Верувам дека има демократија во Русија“, посочи тој.

Актерот додаде дека често оди во Русија и планира таму да отпатува во март.

Во Франција, парламентарните избори во Русија се одржуваат во амбасадата во Париз, како и во руските конзулати во Стразбур и Марсеј и во Вилфранш сур Мер.

Текстот (Видео) Актерот Жерар Депардје гласаше на руските избори во амбасадата во Париз е превземен од МАКФАКС.