(Видео) Арсовски: Ги повикувам Зечевиќ и Калеска-Ванчева да ги донираат нивните лесно заработени пари

Трет ден молк за инкасираните пари на Миле Зечевиќ од три општини со кои што раководеле градоначалници на СДСМ. Молк исто како што молчи за Калеска – Ванчева која што имаше инкасирано над 55.000 евра преку нејзиното адвокатско друштво, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Отсуството на срам во СДСМ е отсуство на морал, грижа за граѓаните и државата и најважно од се, отсуство на визија за тоа како да ја водат напред државата. Очигледно е дека во ниту едно нивно сценарио не им е важна државата ниту пак граѓаните, ниту пак напредокот и подигање на стандардот, туку им е единствено важен нивниот личен бенефит и напредокот на нивните сопствени компании. Ништо ново не носи Миле Зечевиќ во СДСМ. За само две години од три општини заработил 1.8 милиони денари. И нова функција, но исти навики, ништо не е сменето. Носи само пример за другите ешалони надолу, како да заработуваат, на кој начин, односно да ги искористат своите позиции во партијата и власта единствено за да заработат пари, а не да направат нешто за државата и граѓаните. Затоа се наоѓаме во онаква ситуација во каква што сме сега, заглавени до гуша во криминал и корупција“, рече Арсовски.

Ова се вредностите за кои, како што рече, се бори овој СДСМ.

„Ова се вредностите, за кои обичното членство т.н. „трча” на партиските активности, за да нивните шефови и раководство заработуваат милиони. Јавно ги повикувам и Зечевиќ и Калеска – Ванчева да ги донираат нивните лесно заработени пари, милионски суми на денари, да ги донираат за добробит на граѓаните во некој проект. На пример со нивните пари може да се реновира некоја оддел од клиника, да се купи амбулантно возило или да се реновира некое училиште или градинка.Ако се чесни во намерите, нека ги донираат парите“, повика Арсовски.

Текстот (Видео) Арсовски: Ги повикувам Зечевиќ и Калеска-Ванчева да ги донираат нивните лесно заработени пари е превземен од МАКФАКС.